Може да очекуваат големи промени
На прагот на 2023 година, астролозите ширум светот даваат прогнози за следната година.
Високо почитуваните индиски астролози предвидуваат голема среќа и богатство за овие четири хороскопски знаци кои очекуваат големи промени на подобро во наредната година. Проверете дали сте меѓу нив и, ако е така, можеме да ви кажеме само добри работи.
Вриша (Бик)
21-ви април – 21-ви мај
Транзитот на Јупитер ќе минува низ вашата 11-та куќа до 22-ри април 2023 година и ќе ви донесе исклучително поволен период за започнување нов бизнис, вложување во кариерата и запознавање со влијателни и моќни луѓе кои ќе го препознаат вашиот потенцијал. Тоа време се карактеризира и со зголемување на богатството, штедење кое нема да ви е тешко бидејќи ќе инвестирате и ќе ги зголемите тие пари. По 22-ри април Јупитер се сели во вашата 12-та куќа на тајните, па можни се неочекувани трошоци, затоа навреме направете добар буџетски план за следната година.
Канја (Девица)
22-ри август – 23-ти септември
Вие ќе бидете вистински среќници следната година. До 22-ри април, Јупитер транзитира во вашата 7-ма куќа на партнерството, што ќе ви донесе свадба и запловување во брачните води. Ќе биде одличен период за соработка со компании од странство и секаков вид на договор ќе биде многу добар за вас. И по 22-ри април 2023 година ќе останете меѓу среќниците, само фокусот ќе се префрли кон стекнување пари. Во овој период играјте безбедно и избегнувајте ризик бидејќи само така ќе успеете во вашиот план.
Дану (Стрелец)
23-ри ноември – 22-ри декември
Подгответе се за подобрување и напредок во сите области од животот. Ова особено се однесува на условите за живеење, па многу е можно да купите поголем и поубав стан или куќа, само внимавајте да не влезете во расправија со семејството поради тоа. Секаков вид на купување недвижен имот до 22-ри април ќе биде успешен се додека Јупитер транзитира низ вашата 4-та куќа. Бидете внимателни на полето на кариерата и избегнувајте да вложувате пари во сомнителни проекти. По 22-ри април ќе имате потешкотии со децата, а клучот за надминување на проблемите е во искрената комуникација и разбирањето. После 22-ри април играјте лотарија, многу е можно да добиете огромна добивка
Кумба (Водолија)
21-ви јануари – 19-ти февруари
Транзитот на Јупитер низ вашата втора куќа до 22-ри април може да ви донесе зголемување на богатството и можност да заработите преку дополнителна работа која претходно ви била хоби. Обрнете внимание на вашето семејство, особено на децата и обидете се да го „погледнете“ светот од нивна гледна точка за подобро да ги разберете. Внимавајте на вашето здравје и променете ги навиките, особено кога станува збор за исхраната. Што се однесува до периодот по 22-ри април, обидете се да избегнете конфликти на работа. Бидете особено внимателни на кого што кажувате во доверба за да не дојде до вашите шефови. Затоа е најдобро да ја држите устата затворена и никогаш да не им се доверувате на колегите кои можат да го искористат тоа против вас.