Ирина Шајк го „бркала“ познатиот американски фудбалер: Том Брејди ја „откачи“, манекенката понижена како никогаш досега

popara11 јуни, 20231min00
Screenshot_7

Ирина Шајк поттикна гласини за романса со еден од најдобрите играчи на НФЛ во историјата, Том Брејди, кој е инаку, поранешен сопруг на супермоелката Жизел Бундхен.

 

 

Според инсајдерски информации за „Пејџ сикс“, 37-годишната Ирина Шајк му „се закачила“ на 45-годишниот Том Брејди на неодамнешната венчавка на милијардерот Џо Нахмад и моделот Медисон Хедрик на островот Сардинија.

 

Супермоделот и тагбистот беа меѓу гостите на свадбата на наследникот Дејвид Нахмад, монегаски милијардер и трговец со уметнички дела. Меѓу гостите беа и актерот Леонардо ди Каприо, тенисерките Серена и Венус Вилијамс и други славни лица.

 

Извор кој исто така бил присутен на церемонијата рекол дека Шајк не го напуштила Брејди.

 

„Таа буквално трчаше по него“, ја цитираат новинарите неговата изјава.

 

Сепак, според Дејли Мејл, ѕвездите ги поврзува исклучиво пријателство. „Тие имаат чиста платонска врска“.

 

Том Брејди се разведе од бразилскиот супермодел и поранешен ангел на Викторија Сикрет Жизел Бундхен во септември 2022 година. Ѕвездите беа во брак околу 12,5 години. Поранешните сопружници имаат две деца: 13-годишниот син Бенџамин Рајн и 10-годишната ќерка Вивијан Лејк.

 

Ирина Шајк има шестгодишна ќерка Леа со актерот Бредли Купер. Тие раскинаа во 2019 година по четири години романса.

 

За згодниот Брејдли има многу заинтересирани кандидатки меѓу ѕвездите од шоубизнисот. До неодамна се зборуваше дека тој е во романса со глумицата Рис Витерспун, а со него ја поврзуваа и Ким Кардашијан која исто така, наводно, го „прогонувала“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *