
Ирина е позната по екстравагантното облекување, а овој пат се надмина себеси
На вчерашната премиера на „Firebrand“ на 76-тиот Кански филмски фестивал, таа е една од најпровокативно и најнеобично облечените гости.
Ирина Шајк носеше кожен црн фустан – всушност комплет црн „топ“ кој се состои од две траки и здолниште со сирена крој што ги открива колковите, односно е максимално спуштено. Необичен е и накитот, а фризурата е исклучително едноставна, додека шминката е речиси незабележлива.


Ирина Шајк е чест гостин на Канскиот фестивал, присуствуваше и на премиерата на новиот филм на Мартин Скорсезе „Killers Of The Flower Moon“, со дизајнерот Рикардо Тиши. Нејзиниот моден избор за вечерта беше тоалета со раскошни карнери и V-деколте, кое ги открива нејзините гради.