Состојки:
3 чаши (200 ml) пире од компири
1 јајце
1 чаша рендано сирење
1 сечкан кромид
Подготовка:
Измешајте пире од компири, изматено јајце, додадете сирење и кромид. Соединете со миксер. Посолете по потреба. Истурете во намрсен калап за мафини и печете околу 40-50 минути во загреана рерна на 180 степени, односно додека не поруменат и не се сварат внатре – проверете со чепкалка.