Многу е ефикасно
Се случува да заборавиме на хигиената која не е лична, па понекогаш ги занемаруваме, на пример, четките за шминкање.
Ова, се разбира, е неприфатливо од многу причини, пред се затоа што четките што не ги чистите редовно можат да му наштетат на вашето лице.
Покрај тоа, одржувањето на приборот чист го продолжува неговиот животен век, што може да биде особено важно за оние кои купуваат поскапи четки направени од квалитетни материјали.
Кети Велс сподели неколку совети за одржување на вашите четки за шминкање.
– Мое мислење е дека зачестеноста на чистењето на четките првенствено зависи од тоа колку често се користи приборот и колку различни производи се нанесуваат со него. Својот прибор го чистам секоја недела, или секоја втора – напишала Кети.
Таа го откри и својот едноставен рецепт за природно средство за чистење на четки, во кое додава шолја и пол дестилирана вода, 2 лажици вотка, 2 лажички сапун, 20 капки есенцијално масло од чајно дрво и малку бадемово масло, ако се работи за четки со природни влакна.
Убаво ги меша состојките, а кога ги чисти четките, истура малку во еден сад, па ги потопува четките и со нив прави движења како да бои ѕид. После тоа, добро исплакнете ги во проточна вода и оставете ги да се исушат.
„Некои луѓе користат сапун и вода за чистење на четките, додека други користат средства за чистење на база на алкохол. Верувам дека сапунот не може целосно да ги отстрани сите нечистотии, а многу средства на база на алкохол се токсични“, вели Кети.