Сем Ашгари, сопругот на Бритни Спирс, завчера поднел барање за развод, а некои медиуми пишуваат дека една од причините е тоа што пејачката со години наводно му нанесувала физички повреди.
Американскиот таблоиден портал „ТМЗ“ пишува дека Бритни Спирс еднаш наводно му направила модрица на окото додека спиел, тврдат извори блиски на парот, кои додале дека тој не возвратил, туку дека останал запрепастен кога сопругата го удрила.
Инцидентот, наводно, се случил претходно оваа година, токму во времето кога се појавија фотографии од Сем Ашгари со модринки и траги од каснување на подлактицата.
Тогаш Сем, на прашањето од каде му се тие модринки, побара од новинарите да не го вознемируваат. Ашгари поднесе барање за развод во средата, само 14 месеци по венчавката.
Спирс се омажи за Ашгари на 9-ти јуни 2022 година, во нејзиниот дом во Таузенд Оукс, Калифорнија, а меѓу гостите беа Селена Гомез, Дру Баримор, Парис Хилтон и Мадона.