Познато е дека одредени билки можат да помогнат при воспалителни реакции и да ги ублажат инфекциите.
Секогаш можеме да користиме некои комбинации на зачини и намирници од кујната кои ја ублажуваат болката и штитат од инфекции.
Магдонос и ѓумбир
Оваа комбинација може да помогне при болки во зглобовите и мускулите, пренесува магазинот „Имунет“. Некои нови студии дури тврдат дека може да ги ублажи симптомите на артритис. Овој пијалок е особено популарен меѓу вежбачите бидејќи ја зголемува енергијата после напорниот тренинг.
Состојки:
грст свеж магдонос
две чаши спанаќ
зелено јаболко
лимон
мала краставица
две стебленца целер
парче свеж ѓумбир
Измешајте ги сите состојки и пијте еднаш дневно.
Лимон и куркума
Бројни истражувања докажале дека куркумата т.е. куркуминот, како негова активна состојка, помага во смирување на воспалението на грлото и желудникот, па дури и ја смирува нервозата и напнатоста. Витаминот Ц од лимонот и антиоксидансите од медот го обновуваат телото после стрес и го зајакнуваат имунитетот.
Состојки:
лажица куркума во прав
лажица рендан ѓумбир
сок од еден лимон
кора од еден лимон
три чаши вода
додадете мед по желба