Дали знаевте колку доброто чоколадо влијае на нашиот мозок?
Кој не сака чоколадо? Многумина велат дека тоа им помага да се чувствуваат подобро и да се релаксираат. Исто така, докажано е дека чоколадото ја подобрува функцијата на мозокот.
Едно истражување покажа дека чоколадото може да ја подобри когнитивната функција. Редовното консумирање на супстанции кои се наоѓаат во какаото во прав може дури и да заштити од когнитивниот пад што се јавува со возраста.
Истражувачите откриле дека редовното консумирање чоколадо е поврзано со когнитивната функција независно од другите навики во исхраната.
Колку почесто се консумира чоколадо, толку подобри се резултатите на когнитивните тестови, вклучително и визуелно-просторна меморија и организација, работна меморија и апстрактно расудување.
Затоа, само почестете се со парче чоколадо денес – можете да му направите услуга на вашиот мозок!