Истражувањата потврдија! Еве кога треба да вечерате ако сакате да ослабете

popara27 август, 20231min00
738251_shutterstock-622381799_m

Идеалното време за вечера, за оние кои сакаат да ослабат, е помеѓу 19 и 19:30 часот.

Многу луѓе кои се обидуваат да ослабат водат сметка и за времето кога јадат, особено за вечерата.

Истражувањето всушност покажало дека времето кога јадеме е навистина важно, за што зборуваше и диететичарката Кимберли Вајман.

Кимберли се повика на научна студија од 2021 година објавена во „British Journal of Nutrition“ која покажа дека луѓето кои вечерале порано за време на програмата за слабеење изгубиле повеќе килограми од луѓето кои ја следеле истата програма, но јаделе подоцна.

– Истражувачите претпоставуваат дека тоа би можело да биде предизвикано од ефектот на доцните оброци врз циркадијалните гени, што значи дека луѓето кои јадат доцна се повеќе склони кон тешкотии при губење на тежината, објаснува таа.

Друга научна студија, објавена во списанието „Cell“, го поддржува ова. Така, таа студија покажа дека јадењето оброк доцна го отфрла деноноќниот ритам на телото и сугерира дека тоа може да го отежне слабеењето.

– Вашето тело е дизајнирано да биде во кетоген режим додека спиете, што значи да ги црпи резервите на маснотии за енергија. Ако јадете доцна, нивото на инсулин расте и го попречува тој процес, вели диететичарот Линси Ален.

Учесниците кои успешно ослабеле како дел од гореспоменатото истражување вечерале помеѓу 19:00 и 19:30 часот. Групата која била помалку успешна во слабеењето вечерала помеѓу 22:30 и 23 часот.

– Најчеста вечерна навика која им отежнува на луѓето да ослабат е претераното грицкање пред спиење. Луѓето се исцрпени од долгиот ден, седнуваат, го вклучуваат телевизорот и јадат повеќе калории отколку што можеби планирале затоа што не обрнуваат внимание. Тоа треба да се смени – изјави Кимберли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag