Истражувањата потврдија: Жените во среќни врски се помалку оптоварени со килограмите

popara3 јули, 20231min00
676

Сигурно многу пати сте слушнале дека жените кои се во среќни врски обично накачуваат некој килограм плус.

И вечно се шпекулира дали тоа е, всушност, само мит.

Истражување кое неодамна беше спроведено целосно ја разреши оваа дилема.

Имено, резултатите од ова истражување покажале дека жените кои се среќни во своите врски се помалку оптоварени со својата тежина, како и дека имаат поголема самодоверба.

Сабина Ватер, авторката на истражувањето, од Универзитетот „Талин“ анкетирала повеќе од 250 жени, на возраст од 20 до 45 години, кои се во врска или брак.

Две третини од испитаничките живееле со момчето, додека една третина од жените биле во брак. Сите учеснички во истражувањето одговарале на прашања за нивната врска, колку се задоволни емотивно, сексуално и интелектуално и какви заеднички интереси имаат со својот сопруг или дечко.

Ги прашале и колку килограми би сакале да имаат за да бидат задоволни од својот изглед.

По собирањето на одговорите, заклучено е дека жените во среќни врски имале најмалку поплаки за нивната тежина, а исто така покажале дека имаат поголема самодоверба во споредба со оние кои не се во среќна врска и имаат помала тежина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma