Исфенирајте се совршено и дома: Одлични трикови со чија помош ќе направите фризура како од салон

popara5 ноември, 20231min00
66762_zena-shutterstock-2265114289_f

Ако се фенирате дома, знаете дека не е многу лесно, особено ако имате долга или густа коса. Користејќи ги овие совети, ќе добиете сличен ефект како во салонот.

Бидете стрпливи

Доколку имате долга и густа коса, треба да знаете дека за совршена фризура потребни се 30-45 минути фенирање, особено ако имате природно виткана коса. Мора да обрнете внимание на секој прамен додека целата коса не стане мазна и сјајна.

Моќ на фенот за коса

Кога станува збор за наоѓање совршен фен за коса, побарајте фен со најмалку 1.800 вати и различни поставки за топлина. Средната јачина е најдобра за „пред-сушење“ бидејќи заштедува многу време, додека најсилната јачина е идеална за обликување на косата, пишува „Гламур“. Без разлика дали сакате лабави бранови или совршено права коса, топлината ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот изглед. Не заборавајте, има и функција на дување на ладен воздух, што на косата и дава убав сјај.

Тркалезна четка

Со тркалезна четка можете да ја обликувате косата брановидно, но и целосно права, без да користите други уреди за коса. Колку е поголема четката, толку побрзо ќе ја исушите косата.

Вистинските производи

Производите за коса играат голема улога во постигнувањето на совршената фризура со фенирање, затоа не ги прескокнувајте. Оние кои ја штитат косата од топлина се особено важни, а во вашата рутина можете да вклучите крема за обликување, како и спреј за волумен или пена.

Постапки за фенирање

Во првиот чекор, исушете ја косата во спротивна насока од растот на косата, бидејќи така ќе и дадете волумен на косата. Во вториот чекор, одвојте ја косата на неколку делови, бидејќи така ќе се скрати времето на сушење, што е особено важно за луѓето со густа коса. Виткајте прамен по прамен околу тркалезната четка, од коренот до врвот, и движете го фенот за коса напред-назад преку косата непрекинато, додека секој дел целосно не се исуши.

Пред да преминете на следното праменче, тоа што ќе го исушите треба да биде целосно суво, бидејќи ако остане влажно, брзо ќе се исправи. Кога ќе завршите, нанесете го производот за обликување на вашата коса. Добар избор е и малку лак кој ќе ја зајакне фризурата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma