За здрава и „правилна“ функција на црниот дроб, детоксикацијата е една од најважните и најдобрите работи што можете да ги направите за себе и за вашето тело.
Овој метод на чистење на телото не само што му помага на дигестивниот систем, туку и обезбедува хранливи материи за телото кои се многу неопходни за зачувување и обновување на енергијата, зајакнување на имунитетот и многу повеќе.
Освен тоа, пијалоците за детоксикација можат да се користат како помош за многу здравствени проблеми бидејќи се одлични кога сакаме да ослабеме или да го исчистиме телото од маснотии.
Ова се намирници кои ефикасно ги отстрануваат токсините од телото, додека го хранат со здрави материи, па се совршени додатоци на пијалоците за детоксикација:
Овој пијалок ги подобрува ефектите на детоксикацијата на телото, го штити имунолошкиот систем, репродуктивните органи и служи како дополнителен извор на енергија.
Ова е детокс рецепт за чистење на црниот дроб и телото од маснотии:
Цитрус и зелен чај
Состојки:
1⁄2 шолја ладен зелен чај
1 банана
половина лимон
Исцедете го лимонот и измешајте го сокот со бананата, која можете да ја испасирате со вилушка или во блендер, а потоа сè измешајте со зелениот чај. Напитокот испијте го веднаш за ефектот врз црниот дроб да биде што поефективен.
Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај генерално е вклучен во секоја програма за детоксикација, особено затоа што има способност брзо и ефикасно да го чисти црниот дроб.
Покрај тоа, одлично е да се напиете чаша вода со половина лимон веднаш по будењето, бидејќи лимонот го стимулира ослободувањето на ензими и помага да се претворат токсините во отпадни материи кои лесно се отстрануваат од телото по природен пат.