И жените и мажите тврдат дека ова е најлошата секс поза

popara18 април, 20231min00
676

На тема сексуално задоволство се направени бројни анкети, а меѓу нив најзастапени се оние за најдобрите и најлошите пози во сексот. Верувале или не, се чини дека и жените и мажите се согласуваат околу тоа која го заслужува првото место во втората категорија.

Имено, многу истражувања покажале дека и на двата пола најмалку им се допаѓа познатата поза 69. Станува збор за поза во која партнерите истовремено си пружаат орално задоволство, а критичарите ја опишуваат како многу комплицирана, тешка за изведување и не претерано пријатна.

Наизглед безначајните физички фактори како разликата во висината на партнерот многу влијаат на перформансите. И двата пола велат дека е многу тешко да се фокусирате на давање задоволство на партнерот кога добивате задоволство. На популарноста на оваа поза влијаат и годините, па на помладите испитаници им се допаѓа повеќе отколку на постарите, пренесува „Zadovoljna.hr“.

Дискусија на оваа тема се одвиваше и на популарната платформа „Редит“, а мислењата на женските и машките корисници покажаа дека и покрај извиканоста, оваа поза всушност воопшто не е популарна.

  1. Не знам точно што мислам за неа самата, но да речеме дека ја сакам само со вистинскиот партнер. Може да биде добро, но сите тела не се компатибилни едно со друго.
  2. Навистина не сум фан. Тешко е да се даде и да се прима во исто време.
  3. Моето искуство покажа дека некој секогаш го извлекува подебелиот крај и останува незадоволен во оваа поза. Па која е нејзината цел? Оралниот секс во класична поза е подобар, тогаш барем сум сигурен дека сум ја задоволил партнерката.
  4. Ме мачи логистиката на позата 69. Едноставно не можам да се сконцентрирам додека жената ме задоволува и не сакам да изгледа како да одбивам да се потрудам околу неа.
  5. Не ми е удобно во таа поза и точка. Не мислам на непријатност поради моето тело туку самата положба на телото во таа поза ми е некако непријатна, особено затоа што партнерот е повисок од мене и секогаш морам да се растегнам некако неприродно. Фала, но не благодарам.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma