Пробајте ја вкусната торта со бисквити, фил од ванила и лешници.Речиси сите сакаме торти и колачиња,но на многумина омилени им се оние кои лесно и едноставно се припремаат и имаат одличен вкус.
Овој рецепт не бара многу труд и време, а е одличен избор за ненајавени гости или ако немате ништо слатко дома и сакате да се почестите.
Оваа брза бисквитна торта е само за вакви прилики!
Состојки:
1 јајце
прстофат сол
60 гр шеќер
1/2 лажичка екстракт од ванила
30 гр брашно
30 g густин
520 мл млеко + малку за потопување бисквити
60 гр путер
350 гр бисквити од какао
За глазура:
200 гр млечна чоколада
100 мл слатка павлака
90 гр сечкани лешници
Подготовка:
Јајцето се мати со шеќер,прстофат сол и екстракт од ванила.
Додадете брашно и згуснувач
Добро измешајте и додадете млеко.
Мешајте додека не се распаднат груткитеа потоа гответе на средна топлина додека не се згусне, постојано мешајќи.
Додадете го путерот и добро измешајте додека не се растопи.
Во тавче наредете го бисквитот кој малку сте го натопиле во млеко (не многу да не се распадне), па истурете го филот, па слој бисквит, па слој филм, додека не се потроши материјалот.Последниот слој треба да биде вашиот фил.
Оставете го во фрижидер додека ја правите глазурата.Чоколадото растопете го со слатката павлака,па додајте ги сечканите лешници и измешајте.
Прелијте ја глазурата врз филот и вратете ја во фрижидер да се стегне.