Без разлика на неверојатно успешната кариера со бројни награди и богатството што го носи, барем во Холивуд, Бред Пит важи за скромен човек, далеку од ароганција и вообразеност. И тоа што останал таков и по толку години, поточно децении, во забавната индустрија, актерот му дава заслуга на своето семејство. И тоа не на она што го имаше со Анџелина Џоли, туку на дедо му и баба му.
Нема ароганција, тој е едноставен тип, велат оние што го запознале, па го сакаат не само обожавателите, туку и колегите. Сјајот и гламурот не му го заматиле умот; тој е доволно скромен да ги признае грешките, шармантен е и харизматичен, Пит се чини дека го извлекува најдоброто од себе, покажувајќи благодарност за сето она што му го донел успехот.
Кога на Пит му даваат комплименти, тој повторно скромно признава дека тоа навистина не е негова заслуга – неговото семејство го направило така, давајќи му реална перспектива за слава и успех во филмот.
Така, во едно интервју тој всушност сè му припишал на својот дедо. Се присети на разговорот со дедо му пред многу години, кога веќе постигнувал успех, а неговата кариера била на нагорна патека. Тој рече: „Им се јавив на баба ми и дедо ми пред некој ден и дедо ми рече: „Еј, го гледавме твојот филм“. „Кој?“ Прашав, а тој ѝ викна на баба: „Бети, како се викаше тој ужасен филм со Бред?“