И ПРЕМНОГУ ВОДА НЕ Е ЗДРАВО: Ова се јасни знаци дека претерувате, внимавајте!

popara9 мај, 20231min00
Screenshot_7

Пиење доволно вода дневно придонесува за скоро сите телесни функции, вклучувајќи имунитет, регулација на температурата и природна детоксикација. Но, освен дехидрација, може да се случи некој да внесе премногу вода. Прекумерното внесување вода може да доведе до труење со вода. Ова резултира со намалување на концентрацијата на натриум во крвта. Натриумот е многу важен електролит кој учествува во регулирање на крвниот притисок. Кога неговата концентрација се намалува, може да се појави срцева и бубрежна инсуфициенција.

 

 

 

Ви донесуваме пет знаци кои покажуваат дека треба да го намалите внесот на вода:

 

Урината ви е чиста

 

Како што веројатно веќе знаете, првиот знак на дехидратација е темна урина. Од друга страна, ако урината ви е целосно безбојна, тоа значи дека веќе сте внеле премногу вода и дека вашето тело само исфрла вода. Не плашете се ако забележите дека урината ви е транспарентна, туку само направете пауза од вода.

 

Постојана посета на тоалетот

 

Во просек, здраво лице оди да уринира на секои три до четири часа, а што било над тоа најчесто е јасен знак дека сте испиле премногу вода.

 

Мускулни грчеви

 

Поради намалената концентрација на натриум во крвта и нерамнотежата на електролитите, можно е да почувствувате мускулни грчеви и слабост.

 

Внес на вода кога нема жед

 

Секој сака да биде здрав, а само еден во низата начини за одржување на здравјето и високиот имунитет е хидратацијата. Но, некои луѓе претеруваат со вода мислејќи дека ќе има корисен ефект врз нивното тело. Ако постојано пиете вода кога не сте жедни, веројатно внесувате премногу вода.

 

Посериозни симптоми

 

Покрај овие знаци, може да има многу посериозни симптоми како што се главоболка, вртоглавица, гадење, тешки грчеви, а најлоши последици може да бидат напади, кома и смрт.

 

Колку вода дневно е доволно вода?

 

За најлоши можни последици, потребно е да пиете околу 15 литри вода на ден, што ретко се случува кај луѓето. Но, експертите велат дека 4 литри се премногу за скоро сите луѓе. Тие исто така забележуваат дека не постојат правила. Нема специфична количина на вода што треба да ја внесуваме во организмот секој ден, бидејќи зависи од возраста, полот, тежината, дневните активности, храната и слично. Многумина од нив забележуваат дека е најдобро и најважно да пиете вода кога чувствувате жед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma