И СВЕЖИ И ЗАКОРАВЕНИ ДАМКИ! Ова е најефективниот начин да ги отстраните дамките од кафе!

popara20 февруари, 20231min00
667375_fleke-kafa_f

Експертите истакнуваат дека алкохолниот оцет ќе биде од голема корист кога станува збор за отстранување на дамките од кафе.

Кога станува збор за отстранување на дамки, многу луѓе се мачат бидејќи не знаат кој метод е најефективен, па често се случува да уништат некое парче облека.

Сепак, не мора да биде така, особено ако сте имале лоша среќа со истуреното кафе:

– Пред да ја отстраните дамката, проверете ја декларацијата за миење. Доколку е означен рачно или машински, слободно можете сами да ја извадите, но доколку на декларацијата има препорака за хемиско чистење, најдобро е да ја однесете облеката кај професионалци – велат од компанија која се занимава со професионално чистење , па откриваат како да ги отстраните дамките од кафе:

СВЕЖА ДАМКА ОД КАФЕ

Штом ќе истурите кафе врз ткаенината, додека дамката е сеуште свежа, измијте ја 2 до 3 минути под млаз ладна вода. Ако дамката не се извади, применете ги советите за сува дамка (не мора да чекате да се исуши).

ЗАКОРАВЕНА ДАМКА ОД КАФЕ

Ставете неколку капки течен детергент за перење на дамката и нежно втријте со прстите. Исплакнете со вода. Ако дамката не е отстранета – измешајте неколку капки алкохолен оцет со детергент за перење во прав (направете паста). Нежно тријте ја дамката со стара четка за заби. Оставете да делува 5 минути, а потоа исплакнете со вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma