И Стивен Кинг ја гледа “The Last of Us”, но еден детал сериозно му пречеше

popara2 февруари, 20232min00
stephen-king-830x0

Светот моментално се тресе од манијата за „The Last of Us“, адаптација на една од најпопуларните игри во светот. Серијата ги освои пофалбите и на критичарите и на верните фанови по само три епизоди, а малку по малку откриваме дека го привлече вниманието на многу познати личности.

Меѓу нив е и кралот на хорор Стивен Кинг, кој сепак имаше една забелешка да додаде – особено што е роден во Нова Англија.

Во една од сцените, ликовите се „10 милји западно од Бостон“, но судејќи според природата и географијата, тешко дека е така.

Тие се опкружени со планини и високи дрвја, додека Нова Англија е главно рамна.

– „The Last of Us“, епизода 3: Дали навистина сакате да ми кажете дека ова е 10 милји западно од Бостон? – напиша Кинг на Твитер.

Социјалните мрежи покажаа дека тој не бара влакно во јајцето, т.е. многу корисници кои ја забележаа истата недоследност исто така се пожалија.

Инаку, еден од обожавателите го прашал Кинг „дали тоа е единственото нешто што го видел во една од најубавите епизоди на телевизија“.

– О, ми се допадна. Само велам… – одговори познатиот писател.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag