Американската агенција за храна и лекови објави дека сусамот се приклучил на листата на главни алергени на храна.
– Сусамот се приклучува на листата на главни алергени на храна дефинирани во законот како резултат на Законот за безбедност, третман, образование и истражување за алергии на храна, кој беше потпишан во закон на 23 април 2021 година – објави ФДА.
Така, сусамот се приклучи на групата од осум главни алергени на храна – млеко, јајца, риба, ракови, јаткасти плодови, кикиритки, пченица и соја.
Според Си-Ен-Ен, ФДА ја разгледуваше одлуката за сусам веќе неколку години, па дури и побара од производителите доброволно да го додадат на нивната листа на состојки уште во 2020 година. Пред тоа, семето од сусам требаше да се наведе само ако се користи како цела состојка, но не и ако се користи како арома или зачин.
Алергиите на сусам ги погодуваат луѓето од сите возрасти и може да се манифестираат како кашлица, чешање во грлото, повраќање, дијареа, осип во устата, отежнато дишење и низок крвен притисок, изјави за CNN д-р Роберт Ичис, алерголог, имунолог и лекар од Cedars-Sinai Medical Center во Лос Анџелес.
„Ова значи дека за 1,6 милиони Американци со опасна по живот алергија на сусам, животот станува подобар почнувајќи од 1 јануари 2023 година“, додаде Џејсон Линде, виш потпретседател за прашања на владата и заедницата во Food Allergy Research & Education.
– Со години луѓето со опасна по живот алергија на сусам мораа да ги бараат состојките на задната страна на етикетата, па дури и да контактираат со производителите за да знаат дали храната е безбедна за нив.