И Posh Spice доаѓа: Spice girls наскоро во полн состав во се уште мистериозен проект

popara29 мај, 20231min00
o_26836311_1280

Мелани Браун, попозната како Мел Би, ги воодушеви обожавателите најавувајќи го повторното обединување на некогаш мегапопуларниот британски женски бенд „Spice Girls“. Згора на тоа, 47-годишната пејачка вети дека на се уште мистериозниот проект ќе работат сите пет девојки, што значи дека на неа, Мел Си, Ема Бантон и Гери Халивел ќе им се придружи Пош Спајс, односно Викторија Бекам, којa досега одбиваше да дојде. Иако таа не откри ниту еден збор за проектот, ова беше доволно да ја разгори фантазијата на обожавателите кои единаесет години не ги виделе заедно „спајсиците“, пишува Дејли Мејл. Последен пат се собраа на легендарниот настап на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Пред четири години бендот одржа турнеја на стадион во Велика Британија, но без модната дизајнерка Викторија, која се оправда дека е презафатена со модниот бренд.

image

Мел Би додала и дека девојките наскоро ќе излезат со изјава за мистериозниот проект и дека го „пеглаат“ и го усовршуваат и додала дека тоа е нешто што навистина ќе им се допадне на фановите, пишува The Sun. На прашањето како успеале да ја убедат Викторија да се обединат, таа одговорила дека не станува збор за убедување, бидејќи тие секогаш се во контакт. „Не е дека не разговараме меѓу себе, имаме група на WhatsApp, но во прашање е координација на обврските. Викторија беше навистина зафатена со својата модна линија и ја поддржува кариерата на Дејвид, и очигледно има многу деца, па беше само прашање да се најде вистинското време. Успеавме во тоа и наскоро треба да следи објавата“, изјави Мел Б.

image

Сето ова доаѓа откако се шпекулираше дека Викторија е „подготвена“ за концертот на бендот во Гластонбери, каде што главниот настап ќе го имаат Spice Girls. Минатата година, всушност, беше најавено дека Пош Спајс ќе и се придружи на познатата поп група доколку бидат поканети како главни изведувачи на култниот музички фестивал кој годинава ќе се одржи од 21 до 25 јуни. Но, Ема Бантон потоа изјави дека не знае од каде потекнуваат гласините, но се надева дека тоа е вистина и дека некој наскоро ќе стапи во контакт со нив. Фановите наскоро ќе дознаат дали биле контактирани и дали мистериозниот проект е главниот настап на Гластонбери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag