Кавга во вила од 60 милиони, причината е неверојатна! Џеј Ло бара посебна дисциплина од Бен за ова

popara26 ноември, 20231min00
jennifer-lopez-and-ben-affleck-51-830x0

Холивудската двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно се караат за домашни миленици во нивната палата на Беверли Хилс вредна 60 милиони долари.

Латино дивата и актерот имаат осум кучиња и една мачка. Џенифер бара посебна одговорност кога се животните во прашање, додека Бен е поопуштен, поради што таа наводно го смета за мрзлив.

– Тоа е комплетна зоолошка градина во нивната куќа. Џен се колне дека е единствената што им го чисти нередот и секогаш го мачи Бен да и помогне повеќе и барем да им го собере изметот – открил за „Хит“ извор близок до парот, додавајќи:

– Ангажирал компанија за да им го расчисти нередот, што навистина ѝ пречи на Џен, бидејќи тој самиот е повеќе од способен тоа да го направи, па според неа, едноставно е мрзлив, наведува споменатиот весник.

https://xdn.tf.rs/2023/03/06/profimedia-0760626800-830x0.jpg

Како што исто така се наведува, изгледа дека милениците го претпочитаат Бен пред газдарицата, што наводно ѝ пречи на Лопез.

– Се чини дека кучињата се особено приврзани за Бен. Сите трчаат по него кога ќе влезе во собата. Ако излезе од дома, почнуваат да кукаат и сакаат да го следат. Во суштина, тој ги добива сите поволности, без никаква работа, што е една од најголемите фрустрации на Џен кон него – рекол изворот, а потоа заклучил:

– Се пошегува дека таа е љубоморна на кучињата, но Џенифер чувствува дека тоа има пасивно-агресивен тон. Лопез на тоа гледа како на напад, но Бен на тој начин сака да и влезе под кожа. Тоа е прилично детско и не многу здраво – вели изворот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag