Каде е модната недела, таму е и таа: Ирина Шајк доминира во црна кожа од глава до пети

popara25 февруари, 20231min00
irina-shayk

Познатата руска манекенка во моментов е во Милано, каде се одржува модната недела.

Во кој град и да се одржи овој голем моден настан, ќе ја видите Ирина Шајк, која очигледно е миленичка на луксузните модни куќи.

Руската манекенка е фотографирана на улиците на Милано додека се одмора меѓу ревиите.

Облечена во црна кожа од глава до пети, таа го покажа својот уникатен, но сепак тренди стил.

Под преголемиот кожен капут носеше чипкаста црна блуза, а во улога на панталони истовремено беа и длабоките црни чизми.

На рамото носеше црна чанта „Прада“, а косата слободно ја пушти.

Бидејќи ова е секојдневно издание, таа не се шминкала многу на лицето и на тој начин ја истакна својата природна убавина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma