Кој не би сакал да има прекрасно лице без подочници? Потребни ви се само 4 состојки, кои сигурно ги имате во вашата кујна, а не сте ни свесни дека тие ќе и подарат на вашата кожа сјај каков што заслужува.
Со помош на куркумата, кокосовото масло, медот и млекото ќе ги намалите подочниците, благодарение на овој едноставен рецепт.
За оваа маска, потребни ви се само 5 минути од вашето време, за да ги измешате сите состојки и да ја добиете смесата која ќе ја аплицирате на лице.
Потребни состојки (доволно за 2 употреби):
- 1 супена лажица мелена куркума
- 1 супена лажица мед
- 1 супена лажица кокосово масло
- 1 супена лажица млеко
Начин на подготовка:
Во стаклен сад ставете ја куркумата и помешајте ја со медот, а потоа додајте го маслото и мешајте додека не добиете паста. Смесата поделете ја на половина, а едната половина искористете ја веднаш, додека другата затворете ја убаво и ставете ја во ладилник, но не ја оставајте повеќе од 3 дена.
Пред да ја ставите на лице, темелно исчистете го, па исушете го со пешкир. Со помош на задната страна од кафена лажичка, рамномерно нанесете на образите, челото, брадата, носот и на подрачјето под очите. Маската држете ја 15-20 минути, па измијте со топла вода.