КАКВА ЧЕСТ ЗА КАРЛ ЛАГЕРФЕЛД! Најубавите жени на планетата на Мет Гала ги носеа креациите на познатиот дизајнер (ФОТО)

popara2 мај, 20231min00
693873_zizel-bundsen_f

Моделите Жизел Бундшен, Карла Бруни и актерките Маргот Роби и Никол Кидман носеа уникатни фустани од познатиот Карл.

Да можеше да бира во текот на животот, Карл Лагерфелд сигурно немаше да успее да ги собере на едно место светските убавици, модели и актерки кои ќе ги носат неговите креации, како што тоа го направија вчера на Мет Гала во Њујорк.

Карла Бруни, поранешна манекенка и прва дама на Франција, сопруга на Никола Саркози, се појави во елегантен црно-бел фустан дизајниран од Карл Лагерфелд пред точно 20 години!

А бразилската манекенка Жизел Бундшен дојде во белата креација која ја носеше во кампањата за модната куќа „Шанел“ во 2007 година.

Актерката Никол Кидман му оддаде почит на Лагерфелд облечена во нежно розева тоалета, во која го сними и рекламниот филм „No. 5 the Film“ за куќата „Шанел“ во 2004 година.

Нејзината помлада колешка Маргот Роби позираше во ефектен фустан со потписот на Лагерфелд кој премиерно на пистата го носеше Синди Крафорд, пред четири децении!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag