Бабата на момчето, Анет Моларес Круз,го снимила Киану Ривс како си игра со Илаџи,а видеото на крајот станало вирално на социјалните мрежи.
Кијану Ривс е снимен како игра фудбал со деветгодишно момче пред концертот на неговиот бенд “Dogstar” во Хјустон.
Актерот на тој начин успеал да му го разубави денот на малиот Илаџи,кој побарал од холивудската суперѕвезда да си игра со него.
„И кога го добив неговиот потпис,како и брат ми,го прашав дали може да си игра со топката со мене“, рече момчето и продолжи:
„Првиот пат го прашав и тој нешто промрморе.Но, не го слушнав, па повторно го прашав,а тој ми рече „Да, да одиме“, рече Илаџи.
Бабата на момчето,Анет Моларес Круз,го снимила Киану Ривс како си игра со Илаџи,а видеото завршило на социјалните мрежи, пишува NME.
He is such a perfect soul that he would play ball with his little fan and gift him the most precious moment of his life😇 He must be protected at all cost!! 🤩❤️
🎥Thanks for sharing Annette Morales Cruz 🙏🏻✨
“Keanu Reeves was good to us and even played football with Elijah” pic.twitter.com/ZC5Lku8Lwv
— keanureevesfanpage.tr (@keanureevesfptr) September 26, 2023