КАКО АНГЛИСКА РОЗА: Огнен, монохроматски ансамбл на Кејт Мидлтон и СМЕЛИ обетки (ФОТОГРАФИИ)

popara25 јуни, 20231min00
57df61e64c4a589495efc9d6514ff67bcf8a9d41

Изданието на принцезата од Велс на „Royal Ascot“ не можеше да биде поведро

Кејт Мидлтон можеби тежнее кон нежни, пастелни бои во нејзиниот секојдневен живот, но како што знае секоја принцеза од нејзиниот ранг, постојат кралски прилики кои бараат малку похрабра боја.

Токму затоа Кејт пристигна на овогодинешната трка со коњи „Royal Ascot“ во корално црвена боја од глава до пети.

Принцезата од Велс заслепуваше во наметка на Александар Меквин со должина до глуждовите, со долги ракави и нагласен струк. Изгледот го комплетираше со светло црвена шапка со прекрасни цветни детали од нејзиниот омилен дизајнер на капи Филип Трејси.

Косата ја обликуваше во елегантна ниска пунџа, а она што многумина ги изненади е тоа што се одлучи за похрабри обетки, па наместо вообичаените дијаманти или бисери, избра златни висечки обетки со црни камчиња.

Изборот на обувки падна на едноставни црвени салонки, додека во раката носеше мала плик-чанта, во слична црвена нијанса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag