КАКО АРОМАТЕРАПИЈАТА МОЖЕ ДА НИ ПОМОГНЕ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ? Со мирис на роза, подобро се памети

popara13 април, 20231min00
522964_xstock-photo-pink-perfume-bottle-with-flowers-on-black-and-white-background-perfumery-cosmetics-fragrance-618378230_f

Студентите и учениците треба да имаат мирисна роза или барем таков освежувач во просторијата каде што учат.

Тим на истражувачи од Фрајбург, Германија откри дека мирисот на овие цвеќиња ефикасно влијае на меморијата и работата на мозочните клетки.

– Од сите сетила, мирисот најбрзо буди спомени. Мозокот постојано носи одлуки и ги филтрира информациите, а со помош на мирисот ќе ги запомниме побрзо – вели невробиологот д-р Јирген Корнмаер од Институтот за психологија и ментална хигиена во Фрајбург.

Во ароматерапијата познати се благотворните ефекти на другите ароми врз нашето расположение. Доволно е да изберете шише со етерично масло од некои од овие растенија за да живнете ако се чувствувате уморни, да ја вратите насмевката на лицето ако сте тажни или да добиете енергија и самодоверба пред важен состанок.

Свежиот мирис на цитрус ја подобрува концентрацијата и смирува. Ако сте нервозни, вознемирени или уморни, мирисот на лимон ќе ве расположи.

Мирисот на лаванда е познат по своето смирувачко дејство, па се препорачува дури и против несоница, а помага и против главоболки, па и против мигрена.

Помирисајте јасмин кога сте пред нова задача бидејќи, според ароматерапевтите, тоа влијае на зајакнувањето на самодовербата, оптимизмот и енергијата.

Експертите за ароматерапија ја нарекуваат „билка за понеделник наутро“. Мирисот на рузмарин ќе ве разбуди и ќе ги стимулира вашите мозочни вијуги.

Аромата на нане ве прави повнимателни и поподготвени за работа, а некои студии покажаа дека исто така може да ви помогне да го измамите гладот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma