
Усвојувањето на неколку здрави навики може да ви помогне да изгубите одреден број килограми лесно и брзо.
Периодот пред летото е период од годината кога многу луѓе сакаат да изгубат одреден број килограми и да изгледаат подобро, а притоа да ги избегнат строгите диети и вежбањето. Откривме кои навики можат да ви помогнат.
Пијте повеќе вода
Внесувањето течности го забрзува слабеењето на неколку начини. Обичната вода може да го намали чувството на глад. Исто така, водата го поттикнува метаболизмот и му помага на телото да согорува масти. Едно истражување покажува дека пиењето чаша вода пред оброк го намалува внесот на храна при следниот оброк.
Јадете побавно
Ако јадете само пет до 10 минути, поголема е веројатноста да се прејадете. Уживајте во вашите залчиња полека и дајте му доволно време на телото да препознае дека е сито.

Намалете го стресот
Кога се вознемирени, многу луѓе посегнуваат по брза храна. Стресот и негативното расположение се поврзани со прејадување, што доведува до зголемување на телесната тежина.
Подгответе ги вашите оброци
Готовите јадења и брзата храна генерално се богати со калории. Кога немаат време, луѓето често посегнуваат по храна која е лесно достапна. Доколку самите ги подготвувате оброците, точно ќе знаете која храна ја користите и која е нејзината калориска и хранлива вредност.
Спијте доволно
Спиењето е од суштинско значење за губење на тежината. Една студија покажа дека поединците кои држеле диета две недели изгубиле повеќе тежина кога спиеле 5,5 часа во споредба со оние кои спиеле 8,5 часа. Ова веројатно се должи на зголеменото производство на хормони за глад кога сте ненаспани.