Како да ги одржите јагодите свежи подолго?

popara24 мај, 20231min00
shutterstock1291884208-830x0

Трик идеален за овошјето и зеленчукот оваа сезона

Дојде време јагодите да заруменат на нашите чинии и да уживаме во нивната сочност.

Колку и да ни ги маѓепсуваат очите кога ги гледаме, сепак можат многу брзо да омекнат и да се расипат. Но, има и трик за тоа.

За овие ситуации, „TikTok“ профилот @shazoshop4u понуди решение за одржување на свежо овошје или зеленчук како што се јагодите.

Имено, се што треба да направите е во неколку чекори.

Прво добро измијте ги јагодите, а потоа оставете ги целосно да се исушат. Кога ќе се исушат, исечете ги зелените листови и подгответе сад во кој ќе ги чувате. Покријте го садот со салфетка и наредете ги јагодите. Кога ќе завршите со редењето, покријте ги со салфетка и ставете ги во фрижидер.

Така ќе го спречите создавањето мувла, а доколку ви требаат подоцна во иднина, слободно ставете ги во замрзнувач.