КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ДОМАШНИТЕ И СЛАТКИ ЈАГОДИ? Овие 3 ставки се КЛУЧНИ

popara27 април, 20231min00
563121_jagode_f

Јагодите се првото пролетно овошје кое успева кај нас, но во маркетите и продавниците често ни се нудат увозни, со совршен изглед, по пониска цена, но помалку слатки од оние од домашните пластеници.

Еве неколку совети како да ги разликувате.

Големина – Како и со другите овошја и зеленчуци, помалите плодови, речиси по правило, се подобар избор. Кога се во прашање јагодите, ова правило е најважно. Големите и правилни јагоди нема да бидат сочни и слатки како помалите и неправилните. Многу често по големината на плодот може да се препознае дека јагодите се увезуваат и се „набилдани“ со препарати.

Облик – Изберете јагоди што се што е можно понеправилни, бидејќи сигурно се домашни. Често се испукани и имаат чудна форма бидејќи не се користат средства за правилен развој. Можеби не изгледаат убаво, но имаат одличен вкус.

Мирис – ако јагодите имаат изразен мирис, тоа значи дека пораснале во природно опкружување и пристигнале кај вас свежи, а ако не почувствувате мирис или само кога навистина ќе се приближите до нив, ќе знаете дека зрееле во некој магацин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag