Во повеќето диети медот е исклучен од рестриктивната диета. Но, доколку правилно ја користите оваа храна, може да ви помогне да ги изгубите вишокот килограми, бидејќи ја елиминира желбата за други слатки и е богата со витамини, минерали и антиоксиданси.
Како што пренесува Newsbeast, медот е одлична алтернатива за рафинираните шеќери, бидејќи содржи помалку калории.
Затоа медот е добар засладувач за чај и одредени видови кафе, но и како додаток на житариците за појадок.
Помага на варењето
Медот го подобрува функционирањето на дигестивниот систем, бидејќи содржи ензими кои помагаат во варењето на храната. Посебно е корисен после оброк, бидејќи помага да се елиминира статичната тежина акумулирана во дигестивниот тракт.
Дава енергија за вежбање
Лажица мед пред тренинг или за време на тренинг го зголемува нивото на енергија неопходна за изложување на телото на физички напор.
Ако јадете една лажичка мед пред да одите на тренинг, ќе вложите повеќе труд и ќе имате повеќе енергија додека вежбате.
Ја намалува гладта
Медот содржи многу природни шеќери кои ја намалуваат желбата за нездрави грицки.
Сепак, важно е да се грижите за количината на мед што ќе ја јадете во текот на денот. Не претерувајте за да не предизвикате контраефект доколку сакате да ослабете.
Внимавајте на времето на консумирање
За да може медот да ви биде сојузник во слабеењето, треба да имате предвид кога го консумирате. Препораките се медот за слабеење да се зема наутро на празен стомак и навечер, непосредно пред спиење.
Соединенијата во медот помагаат во слабеењето со намалување на апетитот, така што нема да се чувствувате гладни за време на рестриктивната диета.
Исто така, се препорачува да се земе една лажица мед наутро и навечер со шолја зелен чај или чаша вода.