Заедно со терапијата што ви ја препишал докторот,пробајте ги и овие совети како дополнителна помош и набрзо ќе се чувствувате подобро.
Воспалението на бешиката е воспаление обично предизвикано од бактериска инфекција и најчесто се јавува во студениот период од годината.Во повеќето случаи,воспалението на бешиката се јавува како резултат на инфекција на уринарниот тракт, кога бактеријата ќе стигне до мочниот меур и ќе почне да се размножува.Ова може да се случи и кога се менува нивото на бактерии кои вообичаено живеат во човечкото тело,како и по употреба на одредени лекови или производи за нега на тело.Поради воспаление на бешиката се јавуваат симптоми како честа потреба за мокрење,дури и по празнење на мочниот меур, потоа појава на заматена урина или нејзин зголемен мирис,болка при сексуален однос,чувство на притисок или исполнетост на мочниот меур,грчеви во стомакот и грбот.
Нетретираното воспаление на бешиката може да предизвика ширење на инфекцијата во горните делови на уринарниот тракт,каде што може да предизвика и воспаление на бубрезите.
Како и сите бактериски инфекции,оваа состојба обично се лекува со антибиотици пропишани од лекар,па затоа не треба да се лекува самостојно,а медицинската платформа Healthline идентификуваше неколку природни методи кои можат да бидат од дополнителна помош (не замена за терапијата дадена од лекар) за да се забрза закрепнувањето од инфекции на уринарниот тракт.
-Пијте повеќе течности
Редовното мокрење може да помогне да се исфрлат бактериите од уринарниот тракт за да се спречи инфекција.Кога сте дехидрирани,не уринирате толку често,што може да создаде услови за бактерии.
-Зголемете го внесот на витамин Ц
Според Healthline,се верува дека витаминот Ц делува со зголемување на киселоста на урината,убивајќи ги бактериите кои предизвикуваат инфекција. Студијата објавена во 2016 година во научното списание European Urology покажа дека комбинирањето на витамин Ц со брусница и пробиотикот Lactobacillus rhamnosus може да биде ефикасно за перзистентни уринарни инфекции,но потребни се повеќе истражувања.
-Пијте сок од брусница
Незасладениот сок од брусница е еден од најпознатите „народни лекови“ за инфекции на уринарниот тракт, а истражувањата покажале дека брусницата има својства кои можат да ги спречат бактериите да се залепат на уринарниот тракт.
-Користете пробиотици
Пробиотиците се корисни микроорганизми кои се внесуваат преку храна или суплементи и можат да помогнат да се врати здравата рамнотежа на бактериите во цревата.Некои студии, вклучително и една објавена во 2014 година во World Journal of Gastroenterology, покажуваат дека одредени пробиотици можат да го намалат ризикот од инфекции на уринарниот тракт, но не заборавајте да разговарате за ова со вашиот лекар по избор за да знаете кој пробиотик е идеален за вас.
-Внимавајте на хигиената
Превенцијата на уринарните инфекции започнува со здрави навики во одржувањето на личната хигиена, па затоа е многу важно да не се задржува предолго урината бидејќи тоа доведува до таложење на бактерии.