Како да го исчистите дното на пеглата со ЕДНА СОСТОЈКА во три едноставни чекори

popara22 август, 20231min00
shutterstock1924278419-830x0

Со оглед на тоа што пеглата ја користиме на чиста облека и ја полниме само со обична, чиста вода, генерално не мислиме дека понекогаш е потребно – да се исчисти. И овој уред, кога е „во мирување“, всушност многу брзо подлегнува на бигор и корозија.

Добрата вест е дека пеглата е едно од многуте работи што можете да ги исчистите со оцет без да морате да ја рибате за да ја направите како нова.

Експертите за чистење откриваат како можете да ги исчистите внатрешноста и дното на пеглата со оцет и истовремено да се справите со незгодните канали за пареа, во четири лесни чекори.

1. Исклучете ја пеглата и оставете ја да се излади

Пеглата мора целосно да се олади и да остане исклучена пред да започнете со чистење. Треба да биде исклучена најмалку 45 минути откако сте ја користеле и мора да биде ладна на допир.

2. Измешајте вода и бел оцет за да формирате раствор за чистење

Оцетот е многу кисело средство за чистење кое може да го оштети металот ако не се разреди. За да направите раствор за чистење, измешајте еднакви делови бел оцет со дестилирана вода. Оваа мешавина ја има вистинската количина на киселост за ефикасно да ја заврши работата.

Ако вашата пегла е многу извалкана или има траги од изгореници, тогаш со додавање на сода бикарбона во смесата може да се направи малку појак раствор за чистење без да се оштети пеглата. Сода бикарбоната е малку абразивна, па има способност да ги отстранува потешките остатоци.

Имајте на ум дека комбинацијата на состојки ќе предизвика растворот да има меурчиња и може да се прелее ако садот за мешање не е доволно голем. Овој раствор ја убива мувлата и ги разградува маснотиите, минералните наслаги, бигорот и талогот на пеглата без плакнење.

https://xdn.tf.rs/2021/08/05/shutterstock642422590-830x0.jpg

3. Нанесете го средството за чистење со крпа од микрофибер

За да избегнете гребење на ѓонот на пеглата, користете мека крпа од микрофибер за да го нанесете растворот. Обрнете особено внимание на сите области каде што се забележуваат бигор или ‘рѓа. Важно е никогаш да не користите ништо метално или груби абразивни средства за ова, бидејќи можете да го изгребете дното на пеглата и да поттикнете понатамошен развој на ‘рѓа.

Алтернативно, можете исто така да натопите крпа во растворот за чистење и да ја завиткате околу пеглата и да оставите да кисне половина час пред да ја извадите крпата и да ја избришете пеглата од остатоците.

Ако случајно внесете средство за чистење во отворите за пареа, едноставно избришете ги со крпа од микрофибер и вода. Исчистете ги отворите за пареа за да спречите сушење и затнување на сода бикарбоната по чистењето. Можете да додадете малку вода во резервоарот и да ја загреете пеглата, користејќи ја пареата за да ја исфрлите содата од пеглата. Само оставете ја пеглата повторно да се излади пред да продолжите со чистењето.

Експертите за чистење го препорачуваат истото решение за чистење на комората за вода и отворот за пареа, но пред тоа неопходна е консултација со упатството или некој кој го контролира и одржува овој тип на уреди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma