Велат дека рецептот за преболување на бившиот партнер се состои од две компоненти: време и пронаоѓање нова љубов.
Сепак, тоа варира од личност до личност, а експертите генерално не советуваат да продолжите пребрзо по раскинувањето бидејќи раните сè уште не се зараснати.
И ја знаете онаа позната изрека: „Ако не го излечиш тоа што те повредило, ќе крвариш за некој што не те пресекол“.
Времето е исто така индивидуална работа и на некои луѓе им треба повеќе, а на некои помалку. Ајде заедно да ги разгледаме знаците кои покажуваат дека сте подготвени да започнете нова врска.
1. Среќни сте кога сте сами
По раскинувањето, најлесно е да го „фатиме првиот што ќе дојде“ и на тој начин да си го одвратиме вниманието, меѓутоа, психолозите истакнуваат дека треба да се впуштиме во нова врска само кога сме среќни сами.
Тоа е клучот, бидејќи додавањето на друга личност никогаш не може да пополни празнина, само времето може.
Кога вашиот партнер е додаток во вашиот живот, а не суштина, тогаш сте целосно излечени.
2. Време
Според истражувањата, на повеќето луѓе им треба околу половина од вкупното време што го поминале со некого за да го надминат тоа. Значи, ако сте со партнерот една година, за шест месеци би требало да ви биде подобро.
Но, ова е општо правило кое не е секогаш применливо. Некогаш ја преболуваме личноста со која сме биле со години додека се уште сме во врска, а понекогаш долго страдаме по некој со кој сме поминале многу малку време.
Меѓутоа, кога сте подготвени за нов допир, гест и нова љубов, ќе ја почувствувате таа промена длабоко во себе.
3. Бившиот ви е одбивен
Доколку бившиот ве контактира, а тој чекор ве нервира наместо да ви дава надеж, тоа е уште еден знак дека сте подготвени да продолжите со животот.
Ако нивниот број на екранот не ве возбудува, не сте опседнати со нивните социјални мрежи, тоа е показател за рамнодушност.
Знајте дека раскинувањето е тежок процес, кој вклучува многу емоции. Може да поминат денови, недели или месеци пред навистина да преболите некого. И тоа е сосема во ред.