Како да знаете кога некому навистина многу му се допаѓате?

popara16 април, 20231min00
Screenshot_13

Можеби вие само мислите дека сте пријатели, кога во суштина тој/таа умира од желба да ви биде многу повеќе од тоа. Науката покажува дека личноста која негува симпатии за некого, го гледа со посебен сјај во очите. Не занемарувајте ги сите знаци околу вас, доколку забележите нешто од следниве нешта, бидете сигурни дека таа личност негува посебни чувства за вас.

 

 

 

Ве гледа на посебен начин

Во текот на едно истражување на Универзитетот во Чикаго, машки и женски студенти биле тестирани како реагираат на покажаните фотографии. Кога учесниците изјавувале дека чувствуваат љубов или привлечност кон личноста која ја гледаат, тие интензивно гледале во прикажаниот лик. Доколку изјавиле сексуална желба, нивните погледи лутале кон телото.

 

Доколку го споредите начинот на кој ве гледаат вашите родители, браќа или сестри, или пак пријатели, со погледот на личноста ќе сфатите дека ве гледа на посебен начин. Ве гледа во очи, некогаш заборавајќи се и задржувајќи го погледот подолго време.

 

Го/ја интересира како ви поминал денот

Често ве прашуваат како сте, што има ново, како ви поминал денот. Доколку забележат дека нешто не е во ред ќе посакаат да разговараат со вас или ќе пробаат да ве расположат покажувајќи грижа. Доколку не се видите подолго време може да добиете телефонски повик без посебна причина, едноставно за да ве прашаат како сте.

 

Одбира да биде во ваше друштво

Наоѓаат изговори да минуваат што е можно повеќе време со вас. Нормално, доколку некому му се допаѓате ќе сака да биде покрај вас. Мозокот го произведува хормонот окситокцин кој предизвикува среќа и задоволство во близина на саканите и блиските. Така што, личноста на која ѝ се допаѓате нема да минува време со вас само за да ви се доближи и да ве запознае подобро, туку и поради тоа што вашето присуство едноставно предизвикува среќа.

 

Често кажува шеги во ваше присуство

Можеби бидејќи им е непријатно па сакаат да ја опуштат атмосферата, или бидејќи сакаат да ви се допаднат повеќе. Може на шега да ве нарече своја девојка за слатко да се насмеете, но сите знаеме дека во секоја шега има половина вистина.

 

Изразува нежност

Некогаш директно некогаш не. Ќе ве фатат за рака или ќе ве погалат по рамо, налик другарски. Со тек на време ќе се трудат да воспоставуваат сè поголем физички контакт, ќе ве прегрнат кога ќе кажете нешто смешно или ќе ве потчукнат по рамо задевајќи ве.

 

Често го изговара вашето име

Вашето име веројатно им е омилен збор и сакаат да го слушаат што е можно почесто. Исто, кажувањето на личното име дава знак на сигурност и блискост и на некој начин интимна поврзаност. Честото кажување на нечие име ја прави личноста да се чувствува важна и посебна во вашите очи.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma