КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ ЛЕТНА ПУДРА: Обрнете внимание, ова е најважното

popara13 јуни, 20231min00
715000_shutterstock-1780444427_f

Во текот на летото важно е да изберете пудра со вистинска нијанса и текстура, за да не се стопи и да остави грди траги на лицето.

Добра пудра што ќе биде на лицето во текот на денот треба да ги има овие карактеристики:

Дишење и лесна текстура

Еден од првите услови за добра пудра е да биде лесна и да може кожата да дише. Денес, многу брендови за шминка носат опции за супер лесна текстура. Ваквите пудри се погодни за топлите летни денови.

Тешките или мрсните пудри можат да ги затнат порите и да предизвикаат несакани реакции на сонце.

Ако користите тешки пудри против акни, сега е време да ги ставите настрана бидејќи кожата поинаку се однесува на високи температури.

Соодветна нијанса

Нијансата на пудрата е подеднакво важна. Кога купувате, пробајте ја пудрата на сонце или надвор, бидејќи светилките во аптеките и парфимериите често знаат да измамат – имаат поинаков тон.

Обрнете внимание и на подтонот. Проѕирните пудри ги покажуваат сите оние синкасти или маслинести нијанси на кожата. Русокосите и темнокосите жени имаат различни подтонови на кожата, па затоа треба соодветно да изберат нијанси на шминка.

Заштита од сонце

Заштитата од сонце е исто така важна. Денес многу подлоги имаат заштитен фактор, изберете ја онаа што ви одговара. Се препорачува заштитниот фактор да биде најмалку 20.

Не заборавајте дека потемнуваме при обична прошетка низ градот или кога сме покрај прозорец низ кој грее сонцето.

Мат и водоотпорни пудри

Мат пудрите се добри кога имате мрсна кожа или ако вашата кожа е претерано сјајна. Тие му даваат на лицето здрав изглед.

На пазарот има и видови на пудри кои имаат водоотпорни својства. Можете да ги носите цел ден, дури и на плажа. Идеални се и ако одите на свадба или слична пригода која трае цел ден.

И задолжително проверете на шишето или тубата дали пудрата е наменета за сува, мрсна или комбинирана кожа. Оние кои не се сигурни која пудра им одговара, можат да изберат течни пудри кои хидрираат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag