Многу жени сакаат да знаат како да изгледаат поженствено. Тајната е во модните додатоци и парчињата кои се специјално дизајнирани за понежниот пол.
- Носете малку шминка
Со многу малку шминка на вашето лице, можете веднаш да изгледате поженствено. Само ставете маскара и сјај за усни.
- Стилот на вашата коса
Долгата коса изгледа многу поженствено од кратката коса. За да изгледате поженствено, можете да пробате различни типови на фризури како што се бранови, локни или плетенки.
- Носете облека што не ја носат мажите
Изберете женска облека: сукњите, фустаните или блузите се парчиња кои мажите не ги носат и во кои ќе изгледате поженствено.
- Изберете високи потпетици
Високите потпетици ќе ја направат секоја облека женствена. Но, постојат и рамни чевли кои го даваат истиот ефект, како балетанки и сандали. Избегнувајте патики ако сакате да изгледате женствено.
- Носете женствени додатоци
И мажите носат додатоци, но женските модни додатоци се сосема различни. Треба да ги изберете само оние со женствен стил – обетки, ланчиња, алки, марами и капи. И чантите најмногу ги користат жените, а колку повеќе детали имаат, толку поженствено изгледаат. Деталите исто така играат важна улога во постигнувањето на женскиот стил. Изберете облека од ткаенини во женствени и нежни бои. Носете чипка и вез. Слободно играјте со светки, пердуви…
- Лак за нокти
Прекрасните, нокти во боја изгледаат супер женствено, особено во розови или црвени нијанси.
Друг начин да изгледате поженствено е да го сакате вашето тело и да ги покажете своите женски облини. Треба да знаете како да го покажете вашето тело на вистински начин, без да откривате премногу. Можете да носите блузи со V-деколте, мини здолништа или фустани, парчиња кои ја истакнуваат вашата половина, тесни панталони. Треба да знаете и како да носите преголеми парчиња: комбинирате големи парчиња облека со тесни. На овој начин вашата фигура ќе биде избалансирана и поженствена.