Како да изгледате скапо и елегантно во рамките на „нормален“ буџет: Пет модни трикови

popara13 април, 20231min00
attractive-woman-dressed-casually-looking-with-doubts-aside-while-standing-near-hangers-with-clothes-thinking-what-dress-business-meeting-with-companions-woman-fashion-having-many-clothes-830x0 (1)

Сите жени се трудат до одреден степен да изгледаат елегантно, дури и ако не сакаат да се дотеруваат претерано или да вложат многу пари во облека.

Стилот никогаш немал врска со пари или тренд, тоа е универзално познато непишано правило.

Но, постојат неколку трикови кои можат да го подигнат нашиот изглед на повисоко ниво кога е модата во прашање.

1. Инвестирајте во златен накит

Дури и ако вашата банкарска сметка не ви дозволува да купите вистинско злато, додатоци во златни тонови или позлатен накит исто така, може да игра одлична улога и целосно да ја трансформира вашата облека.

Имено, златните детали поради некоја причина едноставно го комплетираат изгледот и ја креваат „цената“ на изгледот.

Важно е само да се потрудите избраните парчиња да бидат едноставни и елегантни.

2. Купувајте класични работи

Инвестирајте во квалитетни бели панталони, црн блејзер или добар тексас. Тие се парчиња кои никогаш не излегуваат од мода и можат да се комбинираат во најразлични стилови, па затоа е многу важно да се направени од добар материјал, за да изгледате „скапо“.

3. Следете ја линијата на телото

Иако е во ред да се чувствувате поудобно во „oversized“ дуксер или панталони, тој изглед едноставно не зрачи со елеганција.

Претесна гардероба исто така не е пожелна, но важно е да изберете облека која ќе ги истакне вашите атрибути и ќе ги скрие вашите маани.

4. Изберете ја вистинската боја

Иако сите бои се добредојдени, одредени се издвојуваат кога станува збор за скап, елегантен стил, а тоа се секако сите неутрални нијанси како кафена, беж, крем, карамела, песочна боја…

Црната боја е доминантна, а потоа сивата, маслинестата и вино бојата.

5. Инвестирајте во грижата за себе

На крајот од баладата, се е во деталите.

Веѓи, коса, маникир, ова се малите нешта кои ќе ви го расипат целокупниот впечаток ако ги игнорирате, без разлика колку е добар аутфитот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag