Перењето алишта може да биде многу напорна работа. Има жени кои сакаат нивната облека со денови да мириса на омекнувач, па затоа ставаат огромни количини. Тогаш може да се случи спротивен ефект – наместо да мириса, облеката почнува да смрди.
Првата грешка што ја прават многу жени е преоптоварување на машината. Проблемот е што алиштата не можат добро да се мијат и исплакнат кога машината е преполна. Тоа значи дека на нив ќе се залепат остатоци од прашок и омекнувач, а кога ќе се исуши, може да почне да мириса непријатно.
Втора грешка е што многу луѓе истовремено ставаат прашок и омелнувач. За време на плакнењето, целиот омекнувач ќе се измие и облеката нема да биде миризлива и мека, туку ќе изгледа како да е перена без омекнувач.
Следниот чекор е да се почитува дозирањето на прашокот. Некои ставаат премногу прашок, па тешко се мие, додека има и такви кои штедат, па не ставаат доволно детергент.
Исто така, важно е да се следат упатствата на пакувањето, без оглед на дозата на омекнувачот. Ако ставите премалку омекнувач, мирисот нема да биде интензивен, а ако претерате, може да биде толку силен што би бил непријатен.
На овој начин боите нема да избледат, а облеката ќе биде миризлива и мека.
Ако вашите свежо измиени алишта имаат непријатен мирис, можеби ќе треба да ја исчистите внатрешноста на машината. Нечистотијата може да се акумулира во дозерот за прашок, како и во барабанот и гумата на вратата. Добро исчистете и проверете дали машината ја загрева водата.
Најдобрата количина на омекнувач е онаа наведена на контејнерот на машината за перење. Обично е означено со линија, еден цвет за благ мирис, два за посилен, три за многу интензивен. Во зависност од тоа што сакате, следете ги упатствата и се ќе биде во ред.