Како да и дадете волумен на косата: 3 намирници кои „прават чуда“ за вашата коса

popara20 септември, 20231min00
Како да и дадете волумен на косата

Волуменот и пополниот изглед на косата се една од карактеристиките на здравата и негувана коса.

Сепак, екој има денови кога косата не сака да „соработува“,колку и да се трудиме да ја стилизираме и да ја оставиме целата нега да излезе на виделина.

Со помош на намирниците кои ги имате дома,на косата можете да и го дадете правилниот и здрав волумен.Затоа,не е лошо да се свртите само кон природни производи,одвреме-навреме.

1. Јајца
Јајцата се богати со протеини,кои се неопходни за силна,густа коса.

Се што треба да направите е да изматете едно до две јајца,во зависност од густината на косата.Нанесете ги на скалпот и влажната коса.Оставете ја смесата на главата околу 30 минути,а потоа измијте ја со топла вода и благ шампон.Користењето на третман со јајца еднаш или двапати неделно ќе ја освежи вашата коса навремено и ќе и го врати волуменот,пренесува „Medicalnewstoday.com“.

2. Маслиново масло
Сигурно досега сте слушнале за маслиновото масло во третманот на косата.Сепак,понекогаш е подобро да се свртиме кон чисто масло,наместо препарати што го содржат.Маслиновото масло е богато со омега-3 киселини и други хранливи материи,кои се одлични за здравјето на косата.Исто така,ова масло е вистинска природна маска за коса и помага во нејзината регенерација.

Загрејте го маслото многу внимателно,доволно за да го нанесете на кожата и косата.Масирајте го топлото масло во скалпот и нежно поминете го по целата должина на косата.Оставете да делува околу 30-45 минути.Измијте го со благ шампон.

3. Портокал
Витаминот Ц,пектинот и киселината во портокалите можат да и помогнат на косата на неколку различни начини.Витамините и хранливите материи можат да го подобрат природниот сјај на косата,што може да ја направи да изгледа погуста.Киселината помага да се разградат остатоците од производите за коса кои можат да го попречат растот на косата.За разлика од некои други третмани,пирето од портокал има и пријатен мирис.

За да го направите пирето,изблендирајте свежи портокали,а потоа измасирајте ја смесата во косата и скалпот.Оставете го да делува околу еден час пред да го измиете.По ова,можете да нанесете и бaлсам.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag