Куркумата се повеќе се користи во козметиката
Куркумата е индиски зачин, кој обично го поврзуваме со ароматичното кари. Коренот на ова растение често се користи во готвењето бидејќи, како и ѓумбирот, го загрева телото и има антибактериски својства, а и многу антиоксиданси.
Поради оваа причина, куркумата се додава во храната во форма на лековита инфузија; на пример со парче лимон, каранфилче и портокал или во топло млеко со мед. Но, тука не е крајот на употребата на куркумата!
Куркумата се користи во козметиката, како природен тоник за акни и дерматитис. Маската со куркума совршено ја храни кожата и ја остава мазна и без флеки. Не грижете се – иако зачинот има силна жолта боја, нема да ви го обои лицето.
Состојки:
1 лажица куркума во прав
1 лажица јогурт
2 лажички мед,
лажичка кокосово масло,
неколку капки витамини А и Е
сок од лимон
рендан кокос
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во сад. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува околу 20-30 минути. После тоа време измијте го лицето со млака вода.