Како да носиме фармерки оваа есен? Според примерот на Џенифер Анистон!

popara5 април, 20231min00
o_28581469_1280 (1)

Холивудската актерка Џенифер Анистон е една од оние кои со години ја носат титулата омилена ѕвезда и „девојка од соседството“. Анистон е на сцената од деведесеттите, од нејзината улога во ситкомот „Friends“ до улоги во комедија и романтични филмови како „Murder Mystery“ со Адам Сендлер, кој штотуку излезе на Нетфликс.

Со текот на годините, познатата „пријателка“ не го менуваше премногу својот моден стил, а најчесто се вклопуваше во впечатокот што јавноста го има за неа. На црвениот тепих Џенифер често си поигруваше со минимализмот, слип фустаните и кроевите кои ја следат линијата на телото, а на модните класици им е верна и во приватните моменти.

image

Едно од омилените парчиња во нејзината гардероба се фармерките. Како што се менуваа трендовите, Анистон комбинираше различни кроеви – од фармерки со низок струк до широки и исечени модели, а единствените на кои им остана верна низ годините се фармерките со ногавици од трапез, кои се актуелни и денес. Rag & Bone, Citizens of Humanity и J Brand се некои од брендовите на кои често им се навраќа, а во нејзиниот случај, тексасот најдобро изгледа во едноставни модни приказни – со бел топ или маица, со јакна, со кожа, сако и високи чизми до колена или со рамни мокасини ако се комбинираат со кратки фармерки. Се присетуваме на нејзините тексас изданија и се инспирираме од стилот кој е идеален за секојдневни и лежерни пригоди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma