Како да носите тесни фармерки? Со помош на неколку трикови ќе им стојат одлично и на пополните жени

popara28 август, 20231min00
749752_shutterstock-347994140_m

Освен што фигурата ја прават повитка, темносините фармерки можат да изгледаат и елегантно.

Не мора да имате манекенско тело за да изгледате одлично во тесни фармерки. Дури и пополните жени може да изгледаат убаво во нив ако внимаваат на неколку работи при изборот на фармерките.

Најважно е да бидат со вистинска големина. Ако се премали или преголеми, нема добро да ви стојат.

Фармерките со погрешна големина можат да направат вашите облини да изгледаат полошо отколку што навистина се.

За фармерките добро да ви стојат, треба да ги следите овие правила:

Изберете фармерки со среден или висок струк

Покрај тоа што фармерките со низок струк излегуваат од мода, на пополните жени подобро им стојат фармерки со среден и висок струк.

Прекрасно го обликуваат струкот и одлично го кријат вишокот килограми на стомакот.

Бојата е важна

Темно сините фармерки се одличен избор бидејќи визуелно ја прават фигурата послаба.

Покрај тоа, оваа боја одлично се комбинира и може да изгледа елегантно со неколку детали.

Бидете креативни

Изберете маици, џемпери, кошули, блејзери и сакоа кои паѓаат до средината на колковите. Ова ќе помогне силуетата да изгледа избалансирано.

Задолжително користете интересни, привлечни додатоци или текстури на остатокот од вашата облека, бидејќи тоа ќе го одвлече вниманието од несовршените делови од телото.

Нагласете ја половината

Обликот на песочен часовник се смета за многу привлечен за секоја жена, па затоа е многу важно да се нагласи половината секогаш кога е можно.

Добар избор за ова е тенок ремен кој се става над маица или кошула на ниво на половината. Истиот впечаток можете да го оставите и ако врзете кошула околу половината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag