Барате начин да останете здрави оваа празнична сезона? Знаете дека ќе имате можност да „згрешите“ со храна, пијалок и постојано лежење, па се плашите да не се опуштите?
Одењето во теретана и додавањето зеленчук во чинијата изгледа потешко кога надвор е студено и има многу вкусни задоволства подготвени за уживање.
Минки Ким, главен тренер и сопственик на теретана, рече дека може да биде тешко да се одолее на прејадувањето на празничните забави, но еден начин да се остане на вистинскиот пат е да се следи правилото 85/15.
– Се јаде 85 отсто чисто, а тие 15 отсто може да се простат, на тој начин сепак можете да уживате во храната за време на празниците без да ја жртвувате својата кондиција – рекла Ким.
Но, наместо да се присилувате да вежбате, фитнес менаџерката од Лондон Фатима Бабад ги советува луѓето да најдат фитнес активности во кои уживаат.
Трикот е да ги замените вежбите во теретана со прошетки. Поентата е да се движите, каде било.
Бабад се колне и во правилото од пет минути каде започнувате лесна физичка активност пет минути и ако вашето тело се чувствува енергично по тие пет минути, продолжете да вежбате, а ако не, тоа е јасен знак да престанете.
Бабад признава дека е лесно да се откажете од вашата вообичаена фитнес рутина за време на празничната сезона, но ги охрабрува луѓето да уживаат во моментот.
– Добро е да уживате во тие оброци и да уживате во семејното време, нема многу од тоа во текот на годината, затоа не бидете премногу строги со себе – заклучува таа за „CBC“.