Како да отстраните лак за нокти од паркетот? Употребете работи кои веќе ги имате дома – но никако ова!

popara13 ноември, 20231min00
shutterstock2335892793-830x0 (1)

Секоја дама сака да има убави и уредни нокти, но понекогаш се случува некакво невнимание и шишето со лак ни се истура на подот. Што сега? Како можете, без паника, да ја отстраните дамката од лак од паркетот? Може многу лесно и брзо да се реши проблемот со неколку совети.

Ако штотуку ви паднало шишето, инстинктивно веднаш зграпчуваме крпа или хартија за да го извадиме, но тоа само ќе ги влоши работите. Најдобро е да го оставите да отстои 20 до 30 минути и да се стегне, па дури потоа да го извадите. После тоа, натопете ја областа со алкохол и тријте околу пет минути. Доколку немате алкохол, можете да употребите и лак за коса и нежно да го втриете со четка за заби. Алкохолот нежно ќе го распадне и ќе го остави вашиот паркет недопрен.

Кога ќе завршите, избришете ја областа со крпа за да ги отстраните и алкохолот и лакот.

Она што никогаш не смеете да го користите при вадење на лак од паркет е – ацетон. Може да го оштети дрвото и да ја отстрани неговата боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag