При купувањето внимавајте дали е од памук, дали чворовите се дебели и не го земајте најевтиниот.
Со оглед на честото користење, крпите треба да се менуваат секоја година до година и половина, бидејќи и најквалитетните ќе изгледаат истрошено по толку долго време. За да го изберете најдобриот, треба да обрнете внимание на овие ставки при купувањето:
* Секогаш купувајте ги оние на кои декларацијата пишува дека составот е 100 проценти памук, бидејќи добро ја впиваат влагата
* Погледнете го ткаењето, бидејќи колку се погусти јамките, толку ќе биде поголема впивливоста
* Проценете ја тежината на пешкирот – кога ќе го земете, квалитетниот пешкир треба да биде потежок отколку што изгледа
* Не купувајте ги најевтините, бидејќи така сигурно нема да заштедите – ќе се истрошат за неколку месеци
Квалитетот треба да се одржува
Квалитетот треба да се одржува, па, како што препорачуваат искусните домаќинки, не користете премногу омекнувач или избелувач.
Имено, на површината на влакната се акумулира слој од омекнувач кој ја намалува пропустливоста на воздухот и водата и на тој начин се создава мувла и застарен мирис.
Белилото, пак, влијае на цврстината на влакната, па крпите наскоро ќе изгледаат истрошено и старо.
Подобро е да користите сода бикарбона или бел оцет при миење бидејќи ја омекнуваат водата и ги дезинфицираат крпите, кои поради влагата акумулираат многу бактерии и габи.