Костимот за капење го асоцираме на плажа, но и фустани и капа, плетена чанта и очила за сонце, апостолки и влечки… Долга е листата на облека, а ако сакате да одите на плажа во стил, ви даваме неколку предлози за стајлинг.
Пробајте кимоно на плажа
Обично или со дезен, памук или вискоза, кимоно може да биде одличен избор за на плажа. Можете да го носите преку костим за капење, а потоа да го претворите во фустан со додавање на ремен. Надополнете го изгледот со сандали или папучи и спремни сте за на плажа.
Изберете добра чанта и капа
Чантата за плажа од слама или ткаенина е составен дел од летниот стил, бидејќи во неа ќе носите се што ви треба. Подеднакво важен додаток е капа. Панама капа или помала сламена шапка ќе го комплетираат вашиот изглед и ќе ве заштитат од сонцето.
Добрите папучи или сандали се задолжителни
Удобните влечки во кои стапалото не се лизга или спортскиот модел на сандали се најдобри опции кога се обувките во прашање. Модели на сандали и папучи има многу, а можете да се одлучите и за апостолки. Само запомнете дека не треба долго да одите со апостолки, бидејќи ги напрегате зглобовите.
Накит за плажа? Може!
Можете да го носите, а ние ви предлагаме дискретен накит кој нема да ја покрие вашата кожа и да го оневозможи сончањето. Затоа изберете тенки алки на раката или ногата, тенки ланчиња и дискретни обетки.
Фустан или шорцеви?
И двете, во зависност од тоа што ве прави да се чувствувате подобро. Шорцевите можете да ги комбинирате со кошула или туника, во зависност од тоа дали сакате спортски или префинет изглед. Фустаните можат да бидат и во спортски стил, но и во елегантен. Важно е тие да се удобни и да се чувствувате добро во нив.