Чувствувате голем глад, иако сега јадевте, изедовте обилен оброк или нешто „грицнавте“? Дознајте каде грешите и ослободете се од причините за константен глад.
Премногу зашеќерени пијалоци
Засладените пијалоци како газирани сокови, леден чај и слично, полни се со високофруктозен пченкарен сируп. Фруктозата го залажува мозокот, односно му испраќа на телото сигнали дека е гладно, иако сме јаделе доволно.
Воедно, стручњаците препорачуваат дека просечната жена не би смеела да конзумира повеќе од 100 калории на ден од дополнителен шеќер од било кој извор, а мажот не повеќе од 150 калории.
Го прескокнувате појадокот
Оваа навика некому можеби му изгледа како добар начин за губење на килограмите, но истражувањата го сугерираат спротивното – појадокот е неизоставен дел од дневната исхрана.
Доколку не појадувате во периодот од два часа по будењето, подоцна ќе се чувствувате уште погладно, а тоа пак доведува до прејадување и постојано грицкање на секаква (најчесто нездрава) храна што ќе ви дојде под рака. И така се до вечера.
За да ослабете, јадете умерено и не го прескокнувајте појадокот. Појадокот благо ви го зголемува нивото на шеќер и инсулин за да имате доволно енергија во текот на денот, а со тоа и помала желба за храна.
Избегнувате салати
Користа од консумирањето на салати е огромна. Богати се со фолати кои се одлични во борбата со вишок на килограми, заморот и депресијата. Салатите се исто така полни со витамин К кој е регулатор на инсулинот и хранлива материја која помага во отстранувањето на чувството на глад – поради него ќе се чувствувате сити со часови.
Малку вода
Дехидрираноста обично создава чувство на глад, па доколку тукушто сте јаделе, а сеуште чувствувате глад испијте чаша млака вода.
Всушност, 15 минути пред секое јадење испивајте по една чаша вода и набљудувајте дали гладот ќе се намали.