Многу луѓе страдаат од алергија на полен не знаејќи дека постојат природни лекови кои можат да ги ублажат симптомите.
Со доаѓањето на пролетта, повеќето растенија почнуваат да цветаат, а алергиите почнуваат да не мачат.
Кивањето, кашлањето, затнатиот нос или насолзените очи се симптоми на пролетните алергии, од кои страдаат се повеќе луѓе ширум светот.
Постојат ефективни лекови против алергија, но може да се ублажи и на сосема природен начин.
Неколку намирници и витамини можат да помогнат.
Чај од коприва
Копривата содржи многу хранливи материи, вклучително и железо. Додадете неколку капки лимон во чајот од коприва за подобро да се апсорбира железото. Ова ќе придонесе за нормална функција на имунолошкиот систем и ќе ја олесни борбата против алергените.
Масло од црн ким
Маслото од црн ким е можеби најпознатиот природен лек во борбата против алергиите. Црниот ким е природен антихистаминик, има антиинфламаторно и имуномодулаторно дејство, токму затоа е одличен лек за ублажување на симптомите на алергија.
Витамин Ц
Утврдено е дека витаминот Ц го намалува нивото на хистамин во организмот, ја намалува пропустливоста на клеточниот ѕид и успешно се бори со страните материи кои влегуваат во телото, вклучувајќи го и поленот. Покрај тоа, витаминот Ц ја намалува можноста за грчеви во бронхијалните патишта, што го прави добредојдена помош за ублажување на астматичните напади.
Витамин Д
Докажано е дека витаминот Д може да го намали ризикот од алергии, затоа секогаш кога имате можност изложете се на сончевите зраци, но не заборавајте да ја заштитите кожата со крема со заштитен фактор.