Спијте мирно во удобна постелнина
Колку убавини и да ни носи летото, не е сè совршено. Топлината понекогаш знае да биде неподнослива, особено кога ни пречи преку ноќ.
Доколку немате клима и се потпирате на вентилатор, често се случува да ни изгледа како и тој да не изневерили и дека не помага толку колку што треба за да заспиеме без превртување по креветот поради топлината. Но, постои начин да се разладите без овие маки.
Сè што треба да направите е да го направите овој трик и да го оставите да си ја заврши работата еден час пред спиење и да ја подготвите вашата постелнина за совршена ноќ.
Верувале или не, шише со топла вода може да ви помогне и во овие летни бранови. Имено, на профилот на „TikTok“ на @keats67 е објавен трик за ладење на креветот кој го погледнале повеќе од четири милиони луѓе.
Се што треба да направите е да го наполните термофорот со ладна вода и да го ставите во замрзнувач. По некое време, кога водата во него целосно ќе замрзне, извадете го и завиткајте го во крпа.
Ставете го пешкирот со термофорот во креветот и покријте го со прекривач. Препорачливо е да го оставите да делува еден час пред да си легнете, бидејќи дотогаш убаво ќе ви ја излади постелнината.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Иако овој трик не е нов, сепак на многумина им е непознат, па зачудено коментираа дека претходно не им текнал. Некои се надоврзаа на овој трик, велејќи дека навистина не им треба моќна опрема како вентилатори или клима, но дека е многу важно после ова да не се користи термосот за топла вода.
За овој трик проговорија и експерти кои изјавија дека е подобро да не се става во замрзнувач, за термофорот да не се оштети, туку да се користи само ладна вода, а дека исто и тоа ќе освежи, пишува „TheSun.co.uk “.